Додека процентот на жени претприемачи во Европа се зголемува, сè уште постои значителен родовиот јаз во претприемништвото. Решавањето на овој јаз бара заеднички напор за да се обезбеди поголем пристап до финансирање, менторство и можности за вмрежување за жените претприемачи, како и справување со системските предрасуди и промовирање на различноста и инклузивноста во претприемништвото. Со проектот “Promoting Women Environment Entrepreneurship“, имаме за цел да го затвориме овој јаз и да го поддржиме претприемништвото на младите жени во Европа.
Точниот број на жени и мажи кои поседуваат бизнис варира во зависност од земјата и регионот. Сепак, најмалите родови јазови се наоѓаат во земјите со низок и среден приход, според податоците од извештајот за Глобалниот монитор за претприемништво (ГЕМ) 2020/2021 година. Кога подобро ќе ја погледнеме Европа, според извештајот на Европскиот парламент, жените сочинуваат околу 34% од самовработените поединци и 30% од почетните претприемачи во Европската унија. Кога ги решаваме овие диспропорции, треба да земеме предвид неколку индикатори кои го опишуваат јазот помеѓу мажите и жените претприемачи. Првиот од нив е пристапот до финансирање, бидејќи жените претприемачи имаат тенденција да добиваат помалку средства од нивните машки колеги, а овој јаз е особено изразен во фазата на селекција. Друг показател е застапеноста на жените во лидерски улоги – жените често се недоволно застапени на високи менаџерски позиции и во корпоративните одбори. Жените претприемачи, исто така, може да се соочат со предизвици во градењето мрежи и пристапот до можностите за менторство, кои се од клучно значење за деловниот успех. Последниот, но не и најмалку важен индикатор е рамнотежата помеѓу работата и животот. Жените претприемачи може да се соочат со поголеми предизвици во балансирањето на нивниот личен и професионален живот, бидејќи тие често носат поголем товар од одговорностите за грижа.
Потребата да се затворат овие празнини и да се поддржи младото женско претприемништво во Европа инспирираше три организации: Youthpreneur Stichting од Холандија, Волонтерски центар Скопје од Македонија и Eprojectconsult од Италија да создадат проект кој обезбедува дигитални средства како што се наставни програми за обука, вебинари и менторски сесии за сите амбициозни млади луѓе кои планираат да го започнат своето претпријатие.
Во рамките на проектот „Promoting Women Environment Entrepreneurship“ организиравме 15 вебинари на три јазици и достигнавме бројка од речиси 400 учесници. За време на вебинарите, опфативме теми од три е-курсеви кои се достапни на посветената онлајн платформа. Разговаравме за теми како бизнис технологија, социјално и еколошки претприемништво и претприемачки финансии.
Вебинарите беа почетна точка за е-курсевите и менторските сесии. Менторските сесии кои за кратко време станаа популарни во нашата мрежа поврзуваа искусни ментори и менторирани кои добија огромна доза на практично знаење и совети за започнување на ново претпријатие или како да се биде исклучителен претприемач. Организиравме вкупно 105 менторски сесии. Не застанавме тука и организиравме настани во Италија и Македонија и два настани онлајн каде собравме учесници кои сакаат да дознаат повеќе за родовата еднаквост и претприемништвото.
За време на вебинари, менторски сесии и настани, ангажиравме над 16 експерти, од бизнис тренери, успешни сопственици на бизниси, психолози и младински работници до менаџери за продажба кои ги дадоа своите увиди како обучувачи и ментори за вебинари.
Се чувствуваме среќни што гледаме дека проектот инспирираше толку многу луѓе и што толку многу млади жени размислуваат да основаат свои претпријатија.
Женското претприемништво има моќ!
Јоланта Чиопчинска
Евелина Хањска
Преведувач: Мартина Даниловска
Ирина: „Ми се допадна тоа што знаењето што го стекнав не беше земено од некоја теорија туку од вистинските лични искуства на предавачите. Мислам дека нема да сменам нешто во врска со мојата кариера. Сепак, среќна сум што сега сум побогат со сите сознанија што ги добив на темата“.
Данче: „Секогаш е добро да се слушнат повеќе перспективи за голем број теми од интерес од жените претприемачи. Овие вебинари беа доста едукативни и ми отворија некои нови погледи за тоа како да ги согледам и да им пристапам на претприемачките предизвици пред мене“.
Марија: „Научив каде можам да аплицирам за проекти и исто така добив идеја за моменталната состојба на пазарот на труд претставена низ очите на луѓето кои работат во HR. Не можев директно да ги поврзам обуките со мојата идна кариера (одржлива архитектура), но научив многу информации кои мислам дека ќе бидат корисни во иднина“.
Елена: „Овој проект дефинитивно би им го препорачала на моите колеги и пријатели. Тоа е моќна алатка за учење и споделување знаење. Нуди поддршка за жените претприемачи и сите кои имаат идеја, но не знаат од каде да почнат. Инспиративните жени лидери со нивното знаење и искуство ги прават менторските сесии уште подобро да се фокусираат на она што е најважно за поединецот. Во исто време, мрежата што ја градите отвора многу различни можности за иднината“.
Забелешка: Оваа статија е создадена како дел од проектот „Промовирање на претприемништвото во женското опкружување“ финансиран со поддршка на програмата Еразмус+ на Европската Унија, преку Клучна акција 2 – KA210-YOU – Партнерства од мали размери кај младите. Мислењата изразени во овој материјал им припаѓаат на неговите автори и не го одразуваат ставот на Европската комисија. Проект бр. KA210-YOU-227D5AAC