Здраво, јас сум Александер. Син на мајка од Венецуела и од татко Холанѓанец, но јас доаѓам од Аруба и себеси се сметам за Арубанец. Дома најмногу зборувавме шпански јазик, се до кратко време откако се родив кога постепено се префрливме на холандски. Имам еден брат и една сестра. Сестра ми е најстара (разлика сме десетина години), па потоа е брат ми, кој е повозрасен од мене околу седум години.
Кога зборуваме за мене, јас сум лудо вљубен во океанот. Затоа, моите пасии главно се базираат на вода. Топ 3 омилени натпреварувања ми се сурфање, едрење и слободно нуркање. Тогаш нема да биде изненадување ако ви кажам дека во изминатите 3-4 години имав работа со скратено работно време како инструктор за едрење и тоа во истото училиште каде започнав со обука кога имав 8 години. Покрај водата, сега имам друга страст – физика, која сега би сакал да ја изучувам и на факултет.
Сега сум во канцеларијата на ВЦС и го пишувам овој свој вовед. Планирам да волонтирам во Скопје во следните два месеца. Овој проект ќе го означи почетокот на годината во која правам пауза помеѓу средното училиште и моите планови да студирам физика. Во времето кога ги полагав завршните испити, во моето средно училиште имаше презентација за можностите да волонтирам во странство и веднаш бев „продаден“! Почнав да ги разгледувам опциите и набргу дознав за Волонтерски Центар Скопје. Македонија звучеше многу интересно, па погледнав подалеку во неа и ја најдов опцијата што ќе ми даде добра можност за учење и развивање нови вештини. Останатото е историја!
Александер ван дер Велден