Овој извештај за „Рамка за промовирање на антипристрасно образование со користење на колаборативни заедници“ ги обезбедува резултатите од спроведената евалуација за „PeerAct“ проектот и низа препораки за иден развој на програмата. Се предлагаат и елементи кои треба да се земат во предвид,бидејќи програмата е адаптирана на други локални контексти.
Поттикот за проектот „PeerAct“ беше во забележаниот нагорен тренд во дискриминацијата и нетолеранцијата помеѓу младите врз основа на религија, етничка припадност, раса, инвалидитет или сексуална ориентација или едноставно поради невклопување со социјалните норми. Земјите-партнери (Македонија, Португалија, Романија, Србија и Словенија) предложија интервенција заснована на секвенцијална програма за обука на врсници за образование против пристрасност, со цел да помогнат на младите учесници да се здобијат со потребно знаење и да развијат вештини и ставови за да идентификуваат и да се спротистават на предрасуди, стереотипи и дискриминација во нивни сопствени контексти.
Учесниците беа млади луѓе кои учествуваа во локалните работилници организирани од врсничките едукатори спроведени два пати во текот на проектот.