Се викам Михал Крижан. Јас доаѓам од Словачка и се одлучив да заминам на ЕВС затоа што е многу добро после завршувањето на моите студии да се отиде на стажирање во странство, бидејќи со тоа можеш да стекнеш многу нови вештини. Јас го одбрав Волонтерски Центар Скопје за мојот ЕВС затоа што го открив нивниот проект, магазинот ВОИСЕС, за кој сметам дека е мошне интересен. Исто така, другите активности во ВЦС се многу корисни. Една од моите цели тука е да организирам и младинска размена со ученици од различни држави, па се надевам дека ќе бидат во можност да го реализирам тоа. А, зошто ја одбрав Македонија за мојот ЕВС? Затоа што Македонија е земја која е лоцирана јужно од Словачка и очекувам тука да биде потопло во текот на целата година, отколку што е во мојата татковина.