You are currently viewing ЕВС во ВЦС: Моника

ЕВС во ВЦС: Моника

Ме замолија да напишам неколку реченици за себе. Иако изгледа толку лесно, тоа е сепак малку потешка задача за мене. Јас не сум само моето име (Моника), националност (Словакиња), или возраст (хмммм, без коментар). Наместо да ви кажам повеќе за мене, јас ќе ви кажам повеќе за тоа што ми се допаѓа. Јас го обожавам мирисот на кафето наутро, обожавам да танцувам додека не колапсирам, сакам да свирам на тапани иако не сум добра во тоа, сакам да пробувам нови нешта. Или, пак, би можела да кажам дека сакам да го споделувам својот ЕВС стан со три момци и да средувам позади нив, обожавам да работам со децата во Шутка и баш ми се допадна што направив торта за штандот на ВЦС на саемот за волонтерство…За мене моето ЕВС искуство е составено од сите овие работи…Споделување, спознавање, пробување!