Со помош на Катарзина, ЕВС волонтер од Креактив, во текот на 2011 година започнавме соработка со невладината организација СУМНАИ, и организиравме еколошки работилници со тинејџерите Роми. Успеавме да реализираме две работилници. Првата ја реализиравме во градскиот парк, како еден вид на игра за пронаоѓање на скриеното богатсво, а втората ја организиравме во просториите на СУМНАИ, лоцирани во Топаана. Ги учевме децата преку игра и театар, за разните видови на дрва околу нас, колку се тие значајни за луѓето и како не би можеле да си го замислиме животот без нив. Исто така, направивме и мала работилница за отпадоците- колку е потребно еден отпадок да исчезне во природата и кои се причините кои не наведуваат да размислуваме за рециклирање.
По завршувањето на соработката со СУМНАИ, на кои веќе не им беше потребна нашата помош, ние продолживме да ги реализираме нашите работилници во соработка со КАРИТАС. Успеавме да ги повториме истите работилници како со СУМНАИ, значи ги учевме тинејџерите зошто природата е толку важна за нас, им го докажавме тоа и заедно размислувавме за начини како подобро да се однесуваме спрема природата и да го подобриме нашето однесување. Покрај работилниците, ние исто така планираме да организираме чистење на брегот кај општината Гази Баба, во форма на потрага на скриено богатсво, со 2-3 тима, со цел да младите лица соберат што е можно повеќе одпадоци, и тимот со најголемо купче, добива награда! Пишува: Елисе Намир