Ние се грижиме за нашата околина.
Важноста за грижа кон околината е една од клучните работи за кои се грижи нашата организација и затоа организираме различни акции за чистење, пишуваме и имплементираме проекти за животната околина во Македонија. Наша цел е да ја подигнеме свеста помеѓу населението за нивната околина и значајноста за грижата кон неа. Ние не сакаме да гледаме ѓубре во природата и на улиците. А ти?
Рециклирање
Имаме соработка со „Пакомак“ и со „Елколект“ за рециклирање на нашето ѓубре и електронски отпад.
Eко-aкции
Ширење на јавната свест меѓу младите заедно со „За Почиста Македонија”.
Eко-стил на живот
Правење на правилен избор со цел живеење на позелен живот во нашата канцеларија - со кажување НЕ на пластиката за еднократна употреба!
За Почиста Македонија
Не барај човек за пример, биди примерот!
Имаме блиска соработка со „За Почиста Македонија”, еколошко движење кое беше креирано како дел од нашиот KA3 проект од младиот активист Петар Стевановиќ.
ЗПМ се фокусира на мотивација на младите да земат активно учество низ цела Македонија, правејќи различни акции и проекти од областа за животната околина. Се цели кон почиста околина и презентира примери за еколошки стил на живот.
Заедно со „За Почиста Македонија”, организираме различни акции и проекти за чистење во Скопје, но и низ Македонија. Придружи ни се на групата Greenfluencers и земи учество во промената на твоето општество. Посети ја нивната страна за повеќе информации за нивните активности, прочитај совети за тоа како да живееш поеколошки, како да организираш сопствени акции…
Ние во нашата канцеларија се трудиме да бидеме што е можно позелени, затоа: рециклираме заедно со „Пакомак“. Нашите вработени, волонтерите и пријателите ја сортираат и делат пластиката, металите, картонот и хартиеното ѓубре и го носат во кантите во нашата канцеларија со цел да биде отстрането како што е потребно.
Електронскиот отпад никогаш не треба да заврши во обична канта за отпадоци. Ние собираме различен електронски отпад во нашата канцеларија и го рециклираме преку „Елколект“ :стари компјутери, болјери за вода, батерии...