“Elephants swinging on a spider web under a green flag” беше името на обуката што се одржа во Сарата Монтеору и Бузау, Романија во мај 2023 година, со присуство на 32 учесници и 4 експерти од 23 организации од 16 земји.
Целта на проектот беше на младинските работници да им се обезбедат нови методи и алатки за воведување „зелен приоритет“ во проектите од програмата „Еразмус+“.
Тимот беше разновиден, вклучувајќи луѓе директно од партнерските организации, искусни младински работници, но и почетници, што доведе до течно пренесување на информации и практика од еден на друг.
Во првите сесии учесниците беа запознаени со зелените концепти, ги споделија своите искуства од локални и меѓународни активности и чекор по чекор се запознаа со темата. Работењето и со пленум и со тимови им даде можност на сите да се изразат и потоа да размислуваат за резултатите од учењето.
Миле и Марио беа претставници од ВЦС и работеа заедно со партнери од други организации како да се пишува проекти. Како дел од процесот на учење, имаше практични работилници на оваа тема. Целта беше да се создадат нови идеи за Еразмус+ проекти, кои на крајот би се реализирале и продолжиле со партнерствата понатаму.
Обуката беше финализирана со мини саем на кој беа претставени проекти креирани од учесниците.
Има неколку финални производи од овој проект што сакавме да ги споделиме:
– Каталог со галерија и препораки од учесниците.
– Списание со опис на активности од проектот од ден на ден.
– Фејсбук едукативна страница со исходи од проектот.
Апликант на проектот: HAIR Redivivus Association, Buzau, Romania