По прекрасните 8 – денови поминати во Струга со кул луѓе од 14 земји во работна атмосфера, научивме како да се добијат и да се обезбедат идеи што навистина треба да направат разлика во нашите заедници. Научивме како да се направи можност за секој кој сака да се вклучи и да учествува во правење промени. Од гледна точка на младински работник, јас сум навистина вчудоневиден од методологијата и продуктивниот ефект на работа, исто така, сметам дека новите знаења и вештини можам да ги имплементирам во мојата заедница каде што работам со ученици од средно училиште на развивање на нивните идеи и искуство. Пред овој проект бев навистина збунет за социјално претприемништво, што е тоа? Како претприемништвото може да биде социјално? Но сега, по тренинг курсот во Струга знам дека социјалното претприемништво е совршено за решавање на проблемите во нашите заедници, всушност се работи за поврзување на непрофитна со профитна иницијатива и тоа е она што е совршено тука, секој може да биде среќен. Преку работата и презентацијата на идеи забележав дека ние сме навистина слични едни на други. Можеби нашите знамиња се различни, а можеби и нашиот јазик е различен, но нашите проблеми се исти и социјалното претприемништво е одговорот. Поздрав од Пријепоље, Србија
Авдо Ровчанин