Волонтерски Центар Скопје бара 1 волонтер (18–30 години) од Македонија за учество во долгорочниот ЕСК–проект “Let’s go Cologne” во Келн, Германија.
Волонтерот треба да го зборува германскиот јазик на комуникациско ниво.
Место: Келн, Германија
Период: 1 септември 2022 – 1 септември 2023
!! Можни се евентуални промени на проектните датуми што ќе зависат од моментната ситуација со „Ковид-19” !!
За проектот:
Волонтерскиот Центар во Келн е локална координативна организација што координира неколку проекти за хостирање во Келн/Германија.
За повеќе информации: https://www.koeln-freiwillig.de/international-volunteers/
Проектен партнер: The Cologne Volunteer Center
Технички детали: Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната се обезбедени.
Како да аплицирате?
- Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
- Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за волонтерски проект “Let’s go Cologne”, Германија)
- Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
- Закачете го вашето CV на англиски јазик
- Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
- Кој сте вие?
- На која возраст сте?
- Зошто сакате да учествувате?
- Како може да придонесете за проектот?
Краен рок за аплицирање: 10.04.2022
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.