You are currently viewing Повик за младинска размена во Турција

Повик за младинска размена во Турција

Волонтерски Центар Скопје бара 5 учесници (18-30 години) и 1 лидер на групата (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат во Младинската размена „Living library: where the books becoming alive!“ во Турција.

Место: Мармарис, Турција
Датум: 25.09 – 3.10.2021

!! Можни се и измени на датумите од проектот зависно од постоечката ситуација со COVID-19

За проектот: На проектот, учесниците ќе имаат шанса да се изразат како „живи книги“ преку дискутирање за стереотипите и справување со предрасудите, a ќе имаат можност да го зајакнат своето знаење за социјална исклученост, дискриминација и говор на омраза.

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ

Партнер на проектотStitching Sunny Days

Технички детали:

Проектот е финансиран од ЕРАСМУС +, така што сите патни трошоци (до 275 евра ) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
  2. Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за “Living library: where the books becoming alive!“)
  3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
  4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
  5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
    • Кој сте вие?
    • На која возраст сте?
    • Зошто сакате да учествувате?
    • Како може да придонесете за проектот?

Краен рок за аплицирање: 31.08.2021