You are currently viewing Повик за младинска размена во Шведска!

Повик за младинска размена во Шведска!

Волонтерски Центар Скопје бара 4 учесници (18-25 години) и лидер на групата (18+) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на младинската размена “Digital Storytelling: DigiTime” во Шведска.

Место: Варберг, Шведска
Датум: 3.12. – 9.12.2022

За проектот:

DigiTime има за цел да ја подигне свеста за климатските промени и одржливиот пристап преку користење на дигитално раскажување приказни. Учесниците ќе ги подобрат своите компетенции во областа на дигиталот и иновациите и како да користат различни алатки, фокусирајќи се на партиципативно видео.

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 16.11.2022

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.