You are currently viewing Повик за волонтери во Турција!

Повик за волонтери во Турција!

Волонтерски Центар Скопје бара 2 волонтери (18 – 30 години) од Македонија за учество на долгорочниот ЕСК-проект Sport for Social Support во Турција.

Место: Анталја, Турција
Датум: февруари / март 2022 –декември 2022

!! Можни се евентуални промени на проектните датуми што ќе зависат од моментната ситуација со ,,Ковид-19”, како и ограничувањата што одредени земји ги имаат за влез на македонски државјани !!

За проектот:
Овој проект ќе биде поделен на зимски и на летни активности

Зимските активности ќе бидат спроведени во:
• Градинка
• Природниот парк „Zeytin“

  • Институција за студии „Waterfield“
  • Откријте ја Анталија

Летните активности ќе бидат:
• Од мај до септември
• Воглавно заштита на „Caretta Caretta“ желките за време на размножување

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ 

Проектен партнер: Lidosk 

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 евра ) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната, како и часовите по турски јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
  2. Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за волонтерски проект “Sport for Social Suport“ во Турција)
  3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
  4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
  5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
    • Кој сте вие?
    • На која возраст сте?
    • Зошто сакате да учествувате?
    • Како може да придонесете за проектот?

Краен рок за аплицирање: 24.2.2022 
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.