You are currently viewing Повик за волонтери во Полска!

Повик за волонтери во Полска!

Волонтерски Центар Скопје е во потрага по волонтери за учество на ЕСК проектот „Проширете ги нашите хоризонти“ во Познан, Полска.

Место: Познан, Полска

Датум: Од 1 Мај 2021-31 Декември 2021 година

!! Можни се измени на датумите зависно од моменталната ситуација со COVID-19 !!

Проектот нуди повеќе можности за избор-организација на работилници во градинка или училиште или средно училиште, а исто така и работа во културни центри. Волонтерите ќе имаат можност да ги развијат своите вештини во различни области како проектно управување, јазици или јавни настапи додека престојуваат во интеркултурна средина.

За повеќе информации ве молиме погледнете го инфо-пакетот!

Организација домаќин: CIM Horyzonty-Центар за Интеркултурни иницијативи и хоризонти

Технички детали: Проектот е финансиран од Еразмус+, па така сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени, согласно Еразмус+ регулативата. Сместувањето, осигурувањето, храната и месечен надомест за џепарлак ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com

2. Напишете го името на проектот во Предмет (на пр. Волонтер од Македонија во Полска, „Проширете ги нашите хоризонти“)

3. Претставете се накратко и нагласете за кој проект се пријавувате

4. Прикачете го вачето CV на англиски јазик

5. Прикачете Мотивациско писмо на англиски јазик, со одговор најмалку на сл. прашања:

    • Кој сте вие?

    • На која возраст сте?

    • Зошто би сакале да учествувате?

    • Како би можеле да допринесете за проектот?

Рок за аплицирање: 08.03.2021