Волонтерски Центар Скопје бара волонтерн (18-30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК-проект под наслов: “Solidarity with people with disability in Aachen” во Германија.
Место: Ахен, Германија
Почеток: август/септември 2025 (12 месеци)
Повеќе за проектот:
Волонтерите ќе работат за и со лица со попреченост за време на нивната волонтерска служба во надворешни групи за домување во Ахен и ќе го поддржуваат персоналот во грижата и поддршката. Учесниците ќе се запознаваат со практична работа за лица со попреченост, како и со степенот на инклузија во Германија. Генерално, тие ќе ја промовираат самостојноста на жителите и ќе ги поддржуваат во нивното општествено учество.Така тоа ги прави лицата со попреченост повидливи во германското општество.
За повеќе информации: ИНФОПАКОТ
Организација-домаќин: pax christi Aachen
Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.
Како да аплицирате?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 26.06.2025
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.