Повик за волонтери во Естонија!

Повик за волонтери во Естонија!

Волонтерски Центар Скопје е во потрага по волонтер од Македонија да земе учество на ЕСК проектот „Заедница на волонтери“ во Естонија. Има 10 отворени позиции во различни младински центри, градинки и центри за попреченост ширум Естонија. Сите проекти стартуваат во Септември 2020 година. Завршетокот ќе биде во Јуни, Јули, Август или Септември 2021 година, зависно од дадениот проект.

!!! Можни се и измени на датумите од проектот зависно од постоечката ситуација со COVID-19

Проектот има за цел да ги развие клучните компетенции на волонтерите, промоција на волонтерството и активно учество како и организацијата-домаќин да се стекне со значајно искуство што го нуди долгорочното волонтирање (културната позадина и нови знаења, свежи идеи и сл.), со увид во естонската култура и интеркултурна соработка.

Проектот е финансиран од ЕАРЗМУС+ па така сите патни трошоци ќе бидат покриени зависно од ЕРАЗМУС+ регулативите. Хранарина и џепарлак, осигурување и сместување ќе бидат обезбедени.

Прочитајте повеќе за секој проект:  https://www.nyh.ee/2020/06/02/call-for-volunteers-for-european-solidarity-corps-nyh-esc-fellowship/

1 – NÕO младински центар
https://n6onoortekas.wordpress.com/
Времетраење: 11 месеци
Период: Септември 2020-Август 2021 година

2 – SOS KEILA Детско село
https://www.sos-lastekyla.ee

Времетраење: 12 месеци
Период: Септември 2020- Септември 2021 година

3 – HOOLEKANDETEENUSED KODIJÄRVE Дом
www.hoolekandeteenused.ee
Времетраење: 12 месеци
Период: Септември 2020- Септември 2021 година

4 – HOOLEKANDETEENUSED VILJANDI NÄITUSE Единица
www.hoolekandeteenused.ee
Времетраење: 12 месеци
Период: Септември 2020- Септември 2021 година

5 – TALLINNA LASTESÕIM HELLIK
https://www.tallinn.ee/est/hellik/
Времетраење: 10 месеци
Период: Септември 2020- Јули 2021 година

6 – TALLINNA PLANEEDI MUDIL
http://www.planeedila.ee
Времетраење: 10 месеци
Период: Септември 2020- Јули 2021 година

7 – Градинка KIKAS во Талин
http://kikas.tln.edu.ee
Времетраење: 9 месеци
Период: Септември 2020- Јуни 2021 година

8 – Градинка LINNUPESA во Талин
https://www.linnupesa.edu.ee
Времетраење: 11 месеци
Период: Септември 2020- Август 2021 година

9 – Фондација MAARJA VILLAGE
Времетраење: 12 месеци
Период: Септември 2020- Септември 2021 година

10 – Фондација MAARJA VILLAGE – во Тарту
Времетраење: 12 месеци
Период: Септември 2020- Септември 2021 година

Аплицирање:
Испратете Мотивациско писмо со одговори на следните прашања:
Кој сте вие? На која возраст? Зошто сакате да учествувате? На кој начин сакате да придонесете за проектот?
… и испратете CV (на англиски) на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 3.8.2020