Место: Гдањск, Полска
Датум: 30.09 – 15.12.2022
За проектот:
Ако сте подготвени за акција, сакате да работите со луѓе, отворени сте за различни задачи и сакате да помогнете во секојдневните активности на организацијата, овој волонтерски проект е за вас.
Главни одговорности:
-Креирање содржини за социјалните медиуми, веб страницата, графичко дизајнирање
-Координација на различни волонтерски активности
-Поддршка во организација на Европска Волонтерска Престолнина за 2022 година
-Формирање на волонтерски групи во училиштата
За повеќе информации: ТУКА
Партнер на проектот: Wolontariat Gdańsk
Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАСМУС+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС+. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.
Како да аплицирате?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
Краен рок за аплицирање: 15.09.2022
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.