You are currently viewing Повик за волонтер во Полска!

Повик за волонтер во Полска!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18–30 години) за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов “Open Wings” во Полска.

Место: Бидгошч, Полска
Период: 12 месеци

За проектот: 

  • Помагање нa лица со попречености во „Работилница тераписки центар“ на Фондацијата „Виатрак“.
  • Активно учество во наставата во градинката „У Каролка“
  • Помагање на институтот „Центар на католичката култура“ со информации за справување со слободното време на младите
  • Учество во „Проектот Интерарт“ во кој им помагате на лицата со посебни потреби да ги развијат своите социјални и лични вештини
  • Работа со стари лица во Клубот на сениори „Виатрак“
  • Активно учество на часовите во градинката број 48 „Под Соснами“
  • Активно учество во наставата во основното училиште број 66

Повеќе информации: Инфопакетот

Проект партнер: “Wiatrak” Rozwija Skrzydła 

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по полски јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 06.07.2022

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.