Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18-30 години) за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов: “KulturHaus & Sustainability Volunteer” во Германија.
Место: Бремен, Германија
Датум: 15.03.2023 – 30.09.2023 (проектот може да се продолжи до 12 месеци)
Повеќе за проектот:
Бараме волонтер кој не само што е силно заинтересиран за одржлив развој и градинарство, туку e и вешт во тие области и кој ќе помогне градината на младинската куќа да се претвори во зелен рај и да го направи одржувањето на куќата поодржливо. Ако некогаш сте сонувале да работите во градина, да организирате проекти за одржливост и да бидете дел од забавен, дружељубив, креативен и мултинационален тим со многу искуство во областа на меѓународната младинска работа, тогаш ова е проект за вас.
Повеќе информации: Тука
Организација-домаќин: NaturKultur Bremen e.V. и KulturHaus
Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по јазик се обезбедени.
Како да аплицирате?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
Краен рок за аплицирање: 22.01.2023
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.