You are currently viewing Call for Training Course in Albania!

Call for Training Course in Albania!

Волонтерски Центар Скопје бара 1 учесник (18-35 години) од Македонија, кој што ќе сака да учествува во тренинг курсот „Volunteering connecting communities“ во Дуреш, Албанија.

Место: Драч, Албанија
Датум: 02.10-11.10.2020

!! Можни се и измени на датумите од проектот зависно од постоечката ситуација со COVID-19

Тренинг курсот има за цел да го поддржи професионалниот развој на младинските работници и младинските лидери кои работат вклучително и на нивното критичко разбирање за волонтерството и активното учество на младите за да бидат активни граѓани во секоја локална заедница. ТК истражува и ги тера учесниците да го искусат својот потенцијал овозможувајќи им да го препознаат и интегрираат структурираниот волонтеризам и другите форми на младинско учество во нивната младинска работа. Обуката ќе ги подобри компетенциите на младинските работници за тоа како да работат со структурирана волонтерска техника и нејзините елементи. Покрај ова, обуката ќе понуди информации за можностите и програмите понудени од ЕК и други донатори со цел да ги оспособиме младите да преземаат активности во секојдневната работа. Како резултат на курсот, ќе се произведе модул PDF, кој ќе се користи како ресурсен материјал во локалните волонтерски структури создадени за време на проектот. Модулот ќе го опише концептот на „структурирана волонтерска техника“, како да се развие и како да се работи со него во дневна база.

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ

Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАСМУС +, така што сите патни трошоци (до 180 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?
1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
2. Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за “Enviroment matters“)
3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
Кој сте вие?
На која возраст сте?
Зошто сакате да учествувате?
Како може да придонесете за проектот?

АПЛИЦИРАЈ СЕГА!