You are currently viewing Повик за идни врснички обучувачи!

Повик за идни врснички обучувачи!

Волонтерски Центар Скопје бара 5 мотивирани млади ентузијасти (15-29 години) од Македонија кои би сакале да станат врснички обучувачи за антидискриминација, толеранција и спречување на родово базирано насилство. Обуките се организираат во рамките на проектот: „Акција за правата на девојчињата за еднаквост, мир и безбедност“.

Обука во Србија:

Датум: 17.09 – 22.09.2023 г
Место: Врање, Србија

Обука во Македонија:

Датум: ноември/декември
Место: Скопје, Македонија

Национални работилници во Македонија:
Учесниците ќе организираат работилници на локално ниво.

 

За проектот:

Избраните млади ќе учествуваат на два регионални обуки-семинари заедно со млади од Албанија, Србија и Косово. Целта на првата обука е да се подигне свеста кај младите за антидискриминацијата, толеранцијата и родови прашањата, вклучително и спречување на родово базирано насилство. Втората обука ќе биде за врсничка едукација и нејзината цел е да ги зајакне нивните капацитети за водење и спроведување на обуки на нивните врсници. По обуките, учесниците треба да одржат обуки на национално ниво во Македонија и треба активно да учествуваат заедно со своите колеги да ги менуваат практиките и политиките во нивните заедници.

За повеќе информации: Инфопакот

Технички детали:
Сите патни трошоци ќе бидат надоместени според прописите.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 06.09.2023

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.