You are currently viewing Повик за младинска размена во Македонија!

Повик за младинска размена во Македонија!

Волонтерски Центар Скопје бара 5 учесници (18-30 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на младинската размена „Re-inventing Community Radio in the Smartphone Era“ во Македонија.

Место: Скопје, Македонија
Датум: 25.09 – 1.10.2023

За проектот:
Проектот има за цел преку обука и размена на добри практики да ги зајакне и изгради компетенциите на младите во дигиталните медиуми како медиум за практикување на нивното демократско право за слобода на изразување.

За повеќе информации: Инфопакот

Партнери на проектот: Stamp Media (Белгија), Aarhus Global Media (Данска), Carpe Diem (Хрватска), OKC Abrašević (Босна и Херцеговина)

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите трошоци ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?
1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 10.09.2023

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.