Повик за волонтер за ESC-проект “Disabled Festival 2021” во Турција!

Повик за волонтер за ESC-проект “Disabled Festival 2021” во Турција!

Волонтерски центар Скопје бара тројца волонтери од Македонија кои сакаат да учествуваат на ЕСК-проектот „Фестивал за лица со попречености 2021“ во Турција.

Место: Турција
Датум: 01.04. – 30.04.2021

!! Можни се и измени на датумите од проектот зависно од постоечката ситуација со COVID-19 !!

За проектот: Проектот е подготовка на „Фестивалот за лица со попречености“, каде сите волонтери и тамошните млади ќе работат во различни групи: менаџмент, медиуми, креативност, логистика, декорација, техника, промотивни видеа, спорт, физички активности, група за перформанси.

Задача за волонтери: Волонтерите ќе подготват сè што е потребно за фестивалот: промоција, дневен распоред, услови, имплементација и управување со перформансите. За време на фестивалот, волонтерите ќе комуницираат со посетителите и со учесниците на фестивалот. Тие ќе подготват презентации и работилници, ќе ја претстават културата на своите матични земји, како и информации за организациите што ги испраќаат во Турција.

Профил на волонтери:

– 1 учесник (17-30 години) со отворен ум и висока мотивација. Посветеноста е најмногу важна.

– 1 учесник со попреченост (по можност на помлада возраст). Когнитивна и / или физичка попреченост, но за жал, сместувањето не е соодветно за инвалидска количка.

– 1 придружна личност (без старосна граница). Искусно и квалификувано лице му помага и го придружува учесникот со попреченост. Може да се пријави и негов близок.

(Ги охрабруваме и младите луѓе со помалку можности што можеби се невработени, се соочуваат со образовни, економски или социјални предизвици или имаат пониски јазични вештини.)

Технички детали:

Проектот е финансиран од ЕРАСМУС + програмата, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +. Храната и сместувањето се обезбедени.

За повеќе детали, проверете го ИНФО-ПАКЕТОT: Disabled Festival 2021 (Ова е стара верзија на инфо-пакетот, па затоа земете во предвид дека датумите и местото се променети).

Како да аплицирате?

  1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
  2. Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за “Disabled Festival 2021“)
  3. Претставете се накратко
  4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
  5. Закачете го мотивационото писмо на англиски јазик, со одговори барем на сл. прашања:
    • Кој сте вие?
    • На која возраст сте?
    • Зошто сакате да учествувате?
    • Како може да придонесете за проектот?

Краен рок за аплицирање: 16.02.2021 година

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.