Волонтерски центар Скопје бара тројца волонтери од Македонија кои сакаат да учествуваат на ЕСК-проектот „Фестивал за лица со попречености 2021“ во Турција.
Место: Турција
Датум: 01.04. – 30.04.2021
!! Можни се и измени на датумите од проектот зависно од постоечката ситуација со COVID-19 !!
За проектот: Проектот е подготовка на „Фестивалот за лица со попречености“, каде сите волонтери и тамошните млади ќе работат во различни групи: менаџмент, медиуми, креативност, логистика, декорација, техника, промотивни видеа, спорт, физички активности, група за перформанси.
Задача за волонтери: Волонтерите ќе подготват сè што е потребно за фестивалот: промоција, дневен распоред, услови, имплементација и управување со перформансите. За време на фестивалот, волонтерите ќе комуницираат со посетителите и со учесниците на фестивалот. Тие ќе подготват презентации и работилници, ќе ја претстават културата на своите матични земји, како и информации за организациите што ги испраќаат во Турција.
Профил на волонтери:
– 1 учесник (17-30 години) со отворен ум и висока мотивација. Посветеноста е најмногу важна.
– 1 учесник со попреченост (по можност на помлада возраст). Когнитивна и / или физичка попреченост, но за жал, сместувањето не е соодветно за инвалидска количка.
– 1 придружна личност (без старосна граница). Искусно и квалификувано лице му помага и го придружува учесникот со попреченост. Може да се пријави и негов близок.
(Ги охрабруваме и младите луѓе со помалку можности што можеби се невработени, се соочуваат со образовни, економски или социјални предизвици или имаат пониски јазични вештини.)
Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАСМУС + програмата, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +. Храната и сместувањето се обезбедени.
За повеќе детали, проверете го ИНФО-ПАКЕТОT: Disabled Festival 2021 (Ова е стара верзија на инфо-пакетот, па затоа земете во предвид дека датумите и местото се променети).
Како да аплицирате?
- Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
- Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за “Disabled Festival 2021“)
- Претставете се накратко
- Закачете го вашето CV на англиски јазик
- Закачете го мотивационото писмо на англиски јазик, со одговори барем на сл. прашања:
-
- Кој сте вие?
- На која возраст сте?
- Зошто сакате да учествувате?
- Како може да придонесете за проектот?
Краен рок за аплицирање: 16.02.2021 година
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.