You are currently viewing Повик за младинска размена во Шпанија!

Повик за младинска размена во Шпанија!

Волонтерски Центар Скопје бара 5 учесници (18-30 години) и 1 лидер (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на младинската размена „Taking Green Steps“ во Шпанија.

Место: Херез де ла Фронтера, Кадиз, Шпанија
Датум: 22.06 – 02.07.2023

За проектот:
Младинската размена „Taking Green Steps“ има за цел да ги поттикне младите да дејствуваат како агенти на промени за животната средина и одржлив развој, промовирање на поодржливи навики и интеркултурно учење меѓу учесниците преку креативност.

За повеќе информации: ИНФОПАКОТ

Партнер на проектот: Asociación Juvenil Inter

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 360 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени. Котизација од 20€ што треба да се плаќаат на организаторите по пристигнувањето.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 28.05.2023

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.