You are currently viewing Повик за младинска размена во Литванија!

Повик за младинска размена во Литванија!

Волонтерски Центар Скопје бара 4 учесници (16-19 години) и 1 лидер (+21 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на младинската размена YOU(th) early start – Y.E.S.“ во Литванија. Лидер на групата ќе учествува и во подготвителната посета пред младинската размена.

Место: Анталиепте, Литванија
Датум на подготвителната посета: 3-4.07.2023 (+ 2 дена за патување)
Датум на младинската размена: 26.07. – 3.08.2023

За проектот:
Проектот има за цел да ги информира младите за нивните опции и да ги подобри нивните меки вештини. За време на оваа младинска размена младите можат да учат едни од други и да одат чекор напред во подготовката за пазарот на трудот.

За повеќе информации: ИНФОПАКОТ

Партнер на проектот: Generation Echo

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 6.06.2023

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.