You are currently viewing Повик за обука во Македонија!

Повик за обука во Македонија!

Волонтерски Центар Скопје бара учесници (+18 години од Македонија), кои што ќе сакаат да учествуваат на обука „Human diversity!“ во Македонија.

Место: Струга, Македонија
Датум: 28.06 – 06.07.2023

За проектот:
Обуката “Human diversity!” има за цел да ја унапреди меѓурелигиската соработка и почитувањето на културните разлики меѓу младите во Европа и да ги промовира човековите права и социјалната кохезија на младите од различни религиски групи. Ако сте заинтересирани за интеркултурен дијалог и човекови права, овој проект е совршен за вас!

За повеќе информации: ИНФОПАКОТ

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што патни трошоци ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 09.06.2023

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.