You are currently viewing Повик за младинска размена во Италија!

Повик за младинска размена во Италија!

Волонтерски Центар Скопје бара 5 учесници (18-30 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на младинската размена „Keep Dreaming“ во Италија.

Место: Џардини Наксос, Италија
Датум: 07.05 – 12.05.2024

За проектот:
Дали сте заинтересирани да ја подобрите вашата ментална благосостојба додека учествувате во различни активности? Придружете се на младинската размена „Keep dreaming“, дизајнирана да го подобри социјалниот ангажман и волонтерските искуства на младите во иницијативите во заедницата, а истовремено да го зајакне нивното ментално здравје.

За повеќе информации: Инфопакот

Партнери на проектот: Idee In Movimento

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 220 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?
1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 27.02.2024

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.