You are currently viewing Повик за волонтер во Германија!

Повик за волонтер во Германија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18–30 години) за учество на долгорочен ЕСК-проект „Tobiasschule“ во Германија.

Место: Бремен, Германија
Период:
02.09.2024 – 31.08.2025 (12 месеци)

За проектот:
Ако сте грижлива личност со отворен ум и би сакале да работите со деца со посебни потреби – овој волонтерски проект е за вас!

Tobiasschule има две волонтерски позиции:
1. Работа со ученици во училиште, особено часови по градинарство и на отворено, како и часови по спорт
2. Работа со ученици во училиште како поддршка на наставниците на часови, во кујна и пост-училишни активности

Повеќе информации: Инфопакот

Проектен партнер: NaturKultur e.V.

Технички детали: Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Аплицирајте преку формуларот подоле на страницата: Oвде

Краен рок за аплицирање: 29.02.2023

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.