You are currently viewing Повик за младинска размена во Германија!

Повик за младинска размена во Германија!

Волонтерски Центар Скопје бара 7 учесници (13-17 години) и 2 лидери на групата (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на младинската размена „Youh: Empowered and Active!“ во Германија.

Место: Гарлштет (блиску Бремен), Германија
Датум: 29.09 – 8.10.2025

За проектот:
На оваа размена, учесниците ќе бидат запознаени со позитивни примери на активизам низ Европа и светот. Тие ќе бидат оспособени да бидат проактивни во своите животи, така што главните проблеми во нивните заедници ќе можат да се решат. Тие ќе имаат можност да учествуваат во локална акција со влијание во локалната заедница и ќе бидат водени како да испланираат слична акција за нивните заедници дома.

За повеќе информации: Инфопакот

Партнери на проектот: NaturKultur

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 309 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 24.07.2025

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.