You are currently viewing Повик за младинска размена во Германија!

Повик за младинска размена во Германија!

Волонтерски Центар Скопје бара 5 учесници (18-30 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на младинската размена „European cooperation for safe online navigation“ во Германија.

Место: Хамбург, Германија
Датум: 14.03 – 22.03.2024

За проектот:
Проектот има за цел да ја подигне свеста кај младите за заштитата на личните податоци, која загрижува поради брзиот раст на дигиталните технологии, и тоа преку работилници, посета и разгледување сајтови, како и практични активности.

За повеќе информации: Инфопакот

Партнери на проектот: Beogneere e.V.

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?
1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 27.02.2024

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.