You are currently viewing Повик за младинска размена во Хрватска!

Повик за младинска размена во Хрватска!

Волонтерски Центар Скопје бара 5 учесници (18-30 години) и 1 лидер на групата (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на младинската размена Stop motion, not rights! во Хрватска. Лидер на групата ќе учествува и во подготвителната посета пред младинската размена.

Место на младинската размена: Планинарскиот дом Омановац, Пакрац, Хрватска
Место на подготвителната посета: Липик, Хрватска
Датум на подготвителната посета: 19.09 – 21.09.2023
Датум на младинската размена: 19.10 – 28.10.2023

За проектот:
„Stop motion, not rights!“ е проект во кој ќе се дискутира за човековите права воопшто, како и за правото на учество во културниот живот или конкретно; како младите луѓе можат да ја подигнат свеста за важноста на културниот живот на заедницата и како можат да ги изразат своите мислења за ова право преку дигитално раскажување приказни (и вештачка интелегенција).

За повеќе информации: ИНФОПАКОТ

Партнер на проектот: Tilia Lipik – Udruga za promicanje kulture i kulturne baštine

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 27.07.2023

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.