Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18 – 30 години) од Македонија кој знае да зборува албански јазик за учество на долгорочниот ЕСК проект „Volunteering in schools in Slovenia“ во Словенија.
Место: Престранек, Словенија
Датум: август 2023 – август 2024 и октомври 2023 – октомври 2024 (12 месеци)
За проектот:
Волонтерската активност се спроведува во основните училишта во Словенија. Долгорочна цел на активноста е да се изгради основа за децата и младите за да ги имаат истите можности во образованието и во општеството. Учесниците се добредојдени една година активно да работат со деца имигранти и деца со потешкотии во учењето. Главната цел е да им се помогне на децата во училиштата, да се освестат за важноста на образованието и да се подигне еколошката свест. Волонтерите ќе учествуваат во организација на културни настани во училиштата и во младинскиот центар. Тие ќе имаат можност да реализираат свои проекти со поддршка на ментори во училиштето и во младинскиот центар.
За повеќе информации: Инфопакот
Партнер на проектот: MOVIT – Zavod za razvoj mobilnosti mladih
Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.
Како да се пријавите?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
Краен рок за аплицирање: што е можно поскоро
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.