Повик за волонтер

Повик за волонтер

Волонтерски Центар Скопје е во потрага по волонтери од Македонија за учество на ЕСК проект „Дарувај крв, дарувај живот“ заедно со млади луѓе од земјите на ЕУ и од Грузија, Молдавија и Украина.

Датуми:
Прва етапа: 01.09.2020 – 31.10.2020
Втора етапа: повеќе информации подоцна

Постои можност да има одредени промени во однос на датумите на проектот зависно од моменталната состојба со COVID-19

Место: Крајова, Романија

Накратко за проектот:
Проектот ќе се одржи во Крајова, Романија. Целите на проектот се да се развијат корисни вештини за вработување како и здрав животен стил на 20 млади луѓе од 9 држави. Да се промовира важноста од давање крв кај повеќе од 6000 луѓе и да се нагласи штетното влијание од користењето дроги кај повеќе од 600 средношколци.

Задачи на волонтерите:
Подигнување на свеста за важноста од крводарителство и промоција на локално ниво преку постери, флаери и сл. Да се регистрираат младите од заедницата во клубот за поддршка на локално ниво и други активности кои ќе се договорат помеѓу асоцијацијата и волонтерите во корист на заедницата. Исто така да се документира вашето ЕСК искуство и промоција на ЕСК кај останатите млади.

Крводарителски активности:
Промоција на крводарителството во заедницата и начините за следење на крводарителството. Организирање на крводарителски кампањи и кампањи на социјалните мрежи за подигнување на свесноста од потребата за крв.

Профил на волонтерот:
-млади од 18-30 години
-познавање на англиски јазик, говорен и пишан
-мотивиран за двомесечно учество на ЕСК проект на темата крводарителство
-претходно искуство со волонтирање ќе се смета за плус
– приоритет ќе имаат млади со помалку можности (невработени, немаат можност за едукација, ниски финансиски можности, културни пречки, мигранти и сл.)

 

Технички детали:

Проетот е финансиран од ЕРАЗМУС+, значи патните трошоци (до 275 евра) ќе бидат покриени во согласност со ЕРАЗМУС регулативите. Пари за храна, џепарлак и сместување се обезбедени.

За повеќе информации погледнете го инфопакот.

Аплицирање:

Пријавете се сега: испратете мотивациско писмо со одговори на следните прашања:

Кој сте вие? На која возраст? Зошто сакате да учествувате? Како ќе допринесете за проектот?

…и испратете CV (на англиски) на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 3.8.2020