Повик за волонтер

Повик за волонтер

Волонтерски Центар Скопје е во потрага по волонтери од Македонија за учество на ЕСК проектот “SOLID A.I.R” во Букурешт, Романија.

Место: Букурешт, Романија

Датум: 01.09.2020 – 30.04.2021

!!! Можни се и измени на датумите од проектот зависно од постоечката ситуација со COVID-19

“SOLID A.I.R” цели на волонтерите:

  1. Да се оспособат за ангажман во општествени цели преку постоечкиот A.C.T.O.R програм, експериментирање и водење на различен тип на координирани професионални активности кои ќе им помогнат во сопствен развој на општесвено-граѓанско, професионално и лично ниво.
  2. Активно дефинирање и развој на сопствените професионални насоки што сакаат да ги следат преку волонтерскиот ангажман, евентуално подготовка за пазарот на труд.
  3. Да ги развијат сопствените капацитети и поголемо разбирање на европските вредности преку споделување на нивните културни идентитети и достигнување на свесност за постоење на различни општествени предизвици, креирање на стратешки акции за децата, младите со посебни потреби и чинителите во образованието.

Задачи на волонтерите:

Период на тренинг: курс по романски јазик и основен тренинг во A.C.T.O.R. за општествено-културолошка анимација и театар

  • Креирање и водење на идивидуални интеркултурни работилници за децата во училиштата и градинките, креирање и водење на клинички анимативни сесии за деца и млади во болниците и социјалните центри
  • Промоција на волонтерството преку неформалното образование и Форум театар за младите, креирање и имплементација на кампањи за собирање средства за деца и млади во заедниците со посебни потреби во Романија, креирање и уметничка изведба на социјални настани за лицата со посебни потреби во различни заедници во Романија.
  • Промоција и видливост на проектот (пишување текстови, водење на ФБ страницата од проектот)

Волонтерите (на возраст од 18-30 години) треба да поседуваат:

-мотивација да живеат и работат во голема и предизвикувачка европска престолнина
-мотивација да работат со млади и деца во болници и социјални центри (исто така и со посебни потреби)
– мотивација да работат со деца во училиштата (основни и градинки)
-интерес во било кој тип на уметност (кујна, музика, танц, театар, ракотворби и сл.)
-интерес во општествен маркетинг, прибирање донации, психо-педагогија и детско образование)
-флексибилност, прилагодливост и ентузијазам

ТЕХНИЧКИ ДЕТАЛИ

Проектот е финансиран од Еразмус+ што значи патните трошоци (до 275 евра) ќе бидат покриени согласно со Еразмус+ регулативата. Храна и џепарлак како и сместување се обезбедени.

За повеќе детали проверете на линковите:

https://www.facebook.com/SOLIDAIRinACTOR/

https://actorromania.wordpress.com/2019/10/07/call-for-volunteers-eu-countries-solid-a-i-r-8-month-esc-project-starts-01-05-2020/?fbclid=IwAR17V_Ra7WyJGz3_pU3JrqVaQGSbdySBVEeyD_sBZjXT-iR6A-zMXiPPTTY

АПЛИЦИРАЊЕ:

Испратете мотивациско писмо со одговор на следните прашања:

Кој сте вие? На која возраст? Зошто сакате да учествувате? Како ќе допринесете за проектот?

…и испратете CV (на англиски) на: vcs_contact@yahoo.com

КРАЕН РОК: 3.8.2020