You are currently viewing Повик за волонтер во Романија!

Повик за волонтер во Романија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18-30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов: “Jump to life” во Романија.

Место: Рамницу Валчеа, Романија
Датум: 3.06.2024 – 3.04.2025 (10 месеци)

Повеќе за проектот:
„Jump to life“ е волонтерски стаж од 10 до 12 месеци во која AIDE нуди неформални активности во реонот околу Валчеа за насочување во кариерата и подготовка за млади луѓе со помалку можности на возраст од 12 до 20 години. Задачите за волонтерите ќе бидат:
– да се осмислат активности и методи за младите кои ќе ги имплементираат како работилници во Дом на млади и локални партнери (интернати, средни училишта);
– да соработуваат со тамошните волонтери за локални проекти или активности – задолжително еден проект во текот на престојот, при што ќе го пренесат своето искуство;
– да водат работилници за личен развој на локалните млади луѓе во тамошните средни училишта, студентски домови, Домови на млади;
– да помогнат во изучувањето како да се напише „Еразмус+“ – проект.

Повеќе информации: Инфопакот

Организација-домаќин: Asociatia AIDE

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 180 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 21.04.2024

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.