You are currently viewing Повик за волонтери во Германија!

Повик за волонтери во Германија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18–30 години), од Македонија за учество на долгорочен ЕСК проект во “Deutsches Tanzfilminstitut” во Германија.

Место: Бремен, Германија
Период:
02.05.2023 – 30.04.2024 (12 месеци)

За проектот:
Волонтерите ќе помогнат во снимањето и продукцијата на филмови за танц. Тие ќе ја поддржат организацијата во дигитализацијата на касетите за архивирање, како и помагање на тимот да го промовира здружението преку социјалните медиуми и други платформи. Тие, исто така, ќе помогнат да се организира „Tanzsalon“: месечен настан за танцување во Бремен.

Повеќе информации: ТУКА
Проект партнер: NaturKultur (Германија)

Технички детали: Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени како и часовите по јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 09.10.2022

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.