Волонтерски Центар Скопје бара еден учесник од Македонија кој сака да учествува заедно со млади луѓе од Алжир, Италија, Грузија, Молдавија, Србија, Словачка и Словенија во тренинг курс “(Un)mapped grounds“ во Словенија.
Место: Gorenje nad Zrečami, Slovenia
Датум: 26.7. – 3.8. 2021
Можни се измени во однос на датумот на одржување на проектот зависно од актуелната COVID-19 ситуација!
За проектот:
Youth centre of Dravinja Valley одлучи да воспостави модел на одржлив организациски развој и план за набудување. Моделот зема предвид различни внатрешни и надворешни фактори кои влијаат врз младинскиот работник, организацијата и младинската работа како таков.
Целта на тренинг курсот “(Un)mapped grounds” е да им обезбеди на учесниците алатка да се освестат за состојбата со различните лични димензии во себе и за дефинирање на самите себе и за нивната работа. Учесниците ќе учат / создадат / споделат нови методи на работа со млади за решавање на различните и тековните потреби на младите и го охрабруваат нивното активно учество.
Учесниците…
– помеѓу 18 и 35 години
– треба да бидат млади работници / лидери
– со ниско или средно ниво на искуство во младинска работа
– со барем основни вештини за англиски јазик
– со интерес за стекнување знаење и вештини за професионален и личен развој во рамките на младинската работа
– со интерес за споделување методи и алатки по тренинг курсот
– целосно мотивирани да учествуваат во 100% од активностите
Проектот е финансирана од ЕРАЗМУС +. Сместување и храна ќе бидат обезбедени.
За повеќе детали проверете гоИнфо-пакетот!
Аплицирајте сега! Испратете биографија и мотивациско писмо (на англиски) со одговори на следното: Кои сте вие? Колку години имате? Зошто сакате да учествувате на овој проект? Како може да придонесете на овој проект?
…до: vcs_contact@yahoo.com
!!! Краен рок за аплицирање: 15.7.2021 !!!