Волонтерски Центар Скопје бара 5 млади луѓе и младински работници (18+) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат во ”Volunteering connecting communities 2.0“.
Место: Драч, Албанија
Датум: 7.06 – 16.06.2021
!! Можни се и измени на датумите од проектот зависно од постоечката ситуација со COVID-19
Целта на овој тренинг е зајакнување на капацитетите на партнерските граѓански организации кои работат со млади луѓе со помалку можности, нивните корисници и волонтери во насока на волонтерскиот менаџмент. Планирање и спроведување на кампања за подигање на свеста за вредностите на волонтерската работа во локалните заедници и промоција на истата. Споделување на најдобрите практики, размена на стратегијата „знаете како“ и воспоставување на поблиска соработка со различни засегнати корисници..
За повеќе информации: погледнете го инфо-пакетот!
Партнери на проектот: Udruzenje “Mladi Volonteri”, Beyond Barriers, Волонтерски Центар Скопје, Asociatia Allons-y, Luventa
Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАСМУС +, така што сите патни трошоци (до 180 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +. Храната и престојот ќе бидат обезбедени. Превозот ќе биде организиран од ВЦС.
Како да аплицирате?
- Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
-
Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за “Volunteering connecting communities 2.0“)
- Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
- Закачете го вашето CV на англиски јазик
- Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
-
- Кој сте вие?
- На која возраст сте?
- Зошто сакате да учествувате?
- Како може да придонесете за проектот?
Краен рок за аплицирање: 4.06.2021
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.