Волонтерски Центар Скопје бара 4 учесници (18-30 возраст) кои сакаат да учествуваат на мобилноста “Shake a leg, together!“.
Место: Струга, Македонија
Датум: 12.08 – 18.08.2021
Можни се измени во однос на датумот на одржување на проектот зависно од актуелната COVID-19 ситуација !
За проекгот:
Проект за здрав и активен животен стил со цел да достигне што е можно повеќе луѓе во земјите-учесници и да ги охрабри учесниците да преземат каква било физичка активност, да ги информира за нејзините придобивки и да помогне физичката активност да стане привлечно хоби.
Повеќе информации: SALT Infopack
Проектен партнер: Saltes (Литванија)
Технички детали: Проектот е финансиран од Еразсмус+, значи сите патни трошоци ќе бидат покриени согласно со Еразмус+ регулативите. За учесниците од Македонија превозот е обезбеден од страна на ВЦС. Сместувањето и храната се обезбедени.
Како да се пријавите:
- Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
2. Наведете го името на проектот во Предмет (пр. Апликација за “Shake a leg, together!“)
3. Претставете се накратко и истакнете за кој проект сте заинтересирани
4. Закачете го вашето CV на англиски
5. Закачете го вашето Мотивациско писмо на англиски со одговор на следните прашања:
- Кој сте вие?
• На која возраст сте?
• Зошто сакате да учествувате?
• На кој начин ќе допринесете за проектот?
Краен рок за пријавување: 4.08.2021
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.