Волонтерски центар Скопје учествуваше на ПБА „Bringing Europe Closer Together / Доближување на Европа“ што се одржуваше во периодот од 16 до 24 мај во градче блиску до градот Бремен, Остерхолц-Шармбек, Германија. Главната цел на темата беше да се научи како да се напише проект, а исто така, и создавање нови партнерства за понатамошни проекти со другите 11 организации кои учествуваат во проектот.

Покрај работните часови кои ги поминавме пишувајќи и развивајќи проекти, имавме можност да видиме и неколку прекрасни места што го одземаат здивот во градот Бремен, кој е најблиску до Остерхолц. Убаво беше патувањето во Бремен, каде имавме можност да истражиме малку повеќе за германската култура и да видиме многу луѓе, што беше нешто непознато за нас, учесниците на проектот, бидејќи нашето место беше исклучено од светот, во најубавите полиња на градот Остерхолц-Шармбек. Бевме собрани во најубавата куќа на светот, за која организаторите велеа дека штом отидете таму еднаш, КултурХаус станува ваша куќа засекогаш. Затоа, останете со нас за сите понатамошни проекти и можеби ќе ја имате следната шанса да имате исто искуство, како што имаа нашите претставници Давид, Ева и Сара.
Давид Стоилковски