Јас сум Борјанка од Скопје, Р.Македонија. Моментално сум ЕВС волонтер на проект во Арад, Р.Романија кој го најдов преку „Волонтерски Центар Скопје’’. ЕВС Проектот се вика „Outdoor Alternatives“ и ќе трае од февруари до јули. Нашите активности се работење во шума, во „Коркубеу“ училиште со деца кои треба да ги научиме нешто за нашата татковина и култура преку игра, музика…работење во пони клуб. Почнавме да работиме во шумата со тоа што правиме пат за возење на велосипед и ќе трае два месеца.
Ми се допаѓа Арад, има доста добри места кои можеш да ги посетиш, посебно ми се допадна патот покрај реката. Уште првата недела кога стигнав сите беа фини со мене и пријателски настроени, се разбира сеуште се. До сега се е супер, се надевам дека така и ќе биде до крајот на мојот ЕВС проект во Арад.