Волонтерски Центар Скопје е дел од проектот “All Aboard the MentorShip”. Проектот е финансиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, а го спроведува организацијата “Инфо фронт – Прилеп“
Главна цел на проектот е да се обучат младински работници во областа на менторството преку споделување на добри практики и идеи, да се подигне квалитетот на менторството во рамките на структурата за поддршка на програмата Европски Солидарен Корпус, притоа нудејќи одличен квалитет на волонтерите на ЕСК.
Дел од приоритетите на проектот се:
- Развивање на силна врска помеѓу менторите и волонтерите
- Изнаоѓање на нови начини за мотивирање и инспирирање на волонтерите
- Обучување на менторите на различни алатки и методи за поддршка
- Обезбедување простор за споделување искуства и добри практики меѓу менторите
- Проширување на мрежата помеѓу организациите кои работат со Европски Солидарен Корпус
- Поддршка на новите и повратните волонтери на ЕСК.
Како дел од активностите се спроведе тренинг курс кој се одржа во Прилеп од 16-22.08.21, а беше организиран од организацијата “Инфо фронт – Прилеп“ каде што Волонтерски Центар Скопје учествуваше со свој претставник.
Како резултат од тренингот произлезе Прирачник за ментори PDF кој содржи насоки и алатки кои ќе ги зајакнат капацитетите на сегашните и идни ментори и ќе им помогне во поуспешна работа со волонтерите од програмата Европски Солидарен Корпус.