Волонтерски Центар Скопје бара 4 учесници (18+ возраст) кои сакаат да учествуваат на тренинг курсот “Digital Youth at Your Best“ во Турција.
Место: Анкара, Турција
Датум: 23.08 – 30.08.2021
! Можни се измени во однос на датумот на одржување на проектот зависно од актуелната COVID-19 ситуација !
За проекгот: Тренинг курсот има за цел да донесе нови знаења и вештини и да најде креативни начини за вклучување дигитални алатки во неформалното учење со активности на отворено.
Повеќе информации: Infopack
Проектен партнер: Youth Solidarity (Турција)
Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразсмус+, значи сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат покриени согласно со Еразмус+ регулативите. Сместувањето и храната се обезбедени.
Како да се пријавите:
1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
2. Наведете го името на проектот во Предмет (пр. Апликација за “Digital Youth at Your Best“)
3. Претставете се накратко и истакнете за кој проект сте заинтересирани
4. Закачете го вашето CV на англиски
5. Закачете го вашето Мотивациско писмо на англиски со одговор на следните прашања:
• Кој сте вие?
• На која возраст сте?
• Зошто сакате да учествувате?
• На кој начин ќе допринесете за проектот?
Краен рок за пријавување: 4.08.2021
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.