You are currently viewing Повик за „Средба на генерации“ во Анкара, Турција

Повик за „Средба на генерации“ во Анкара, Турција

Дали сте заинтересирани за различни култури, сакате да запознаете нови пријатели и да придонесете за социјална вклученост во Турција? Тогаш овој проект е совршен за вас!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери од Македонија кои сакаат да учествуваат на ЕСК-проектот „Средба на генерации“ во Турција, Анкара.

краткорочно (2 месеци): 1-ви април до 30-ти мај   
долторочно (12 месеци): Почетокот на проектот дополнително ќе се одреди!

!! Можни се и измени на датумите од проектот зависно од постоечката ситуација со COVID-19 !!

За проектот:
Младина. Социјална инклузија. Поддршка. Ова се клучните зборови во проектот. „Meeting of generations“ или „Состанок на генерации“ има за цел да го зголеми активното учество на младите и да придонесе за нивно социјално вклучување. Проектот има за цел да ја зајакне и самодовербата и јазичните вештини на локалната младина.

Кои се моите задачи?:
Како волонтер ќе имате многу интересни и разновидни задачи.
На пример, можете да организирате клубови за разговор на англиски јазик, да одржувате дебати, да помагате во „Театарот на угнетените“ и да работите во Центар за бегалци. Друга задача е да работите за онлајн магазинот „YouThelegraph“ и да се грижите за социјалните медиуми. Исто така, ќе имате време да подготвите свои работилници во Центарот за лица со попреченост.

Профил на волонтери:
• помеѓу 18 -30 години
• во моментов престојуваат во земјата што ќе ја претставуваат
• отворен ум, подготвеност за волонтирање и мотивираност да се биде дел од тимот
• во моментов не добива никаков грант од „Еразмус“

Технички детали:
Постојат две куќи за волонтери кои се наоѓаат на само 10 минути оддалеченост од центарот на градот. Месечниот надомест е 120 евра џепарлак и 80 евра за храна. Вашите патни трошоци ќе бидат покриени во висина до 275 евра.

За повеќе информации co ИНФО-ПАКЕТОТ:

INFOPACK_Meeting-of-Generations_2020

Како да аплицирате?

  1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
  2. Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за “Disabled Festival 2021“)
  3. Претставете се накратко
  4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
  5. Закачете го мотивационото писмо на англиски јазик, со одговори барем на сл. прашања:
    • Кој сте вие?
    • На која возраст сте?
    • Зошто сакате да учествувате?
    • Како може да придонесете за проектот?

Application Deadline:29.03.2021 

Со нетрпение ја очекуваме вашата апликација!