You are currently viewing Повик за волонтери во Литванија!

Повик за волонтери во Литванија!

Волонтерски Центар Скопје е во потрага по волонтери, 18 – 30 години, од Македонија за учество на ЕСК проектот „Volunteering opportunities in Lithuania “ во Вилнус или Тракаи, Литванија.

Место: Вилнус или Тракаи, Литванија.

Датум: 2021-2022 година

!! Можни се и измени на датумите од проектот зависно од постоечката ситуација со COVID-19!!

Проектот нуди неколку можности за волонтирање во различни организации домаќин -различни организации со различни одговорности: од неформално образование и работилници за заштита на животната средина во Тракаи – Историскиот Национален парк, со вклучена работа со деца. Волонтерите ќе имаат можност да се стекнат со нови вештини, да научат тимска работа и да бидат потолерантни, одговорни граѓани преку размена на искуства и културни вредности.

 

1. СОС Детско село

позиции за волонтирање: 1
Времетраење: 12 месеци
Период: Март 2021-Март 2022 година

2. Демократско училиште

позиции за волонтирање: 1
Времетраење: 12 месеци
Период: Март 2021-Март 2022 година

3. Антакалнис Отворен Младински Центар

позиции за волонтирање: 2
Времетраење: 12 месеци
Период: Април 2021-Април 2022 година

4. Тракаи Историски Национален парк

позиции за волонтирање: 2
Времетраење: 8 месеци
Период: Март 2021-Ноември 2021 година

5. Вилнус Отворено училиште

позиции за волонтирање: 1
Времетраење: 12 месеци
Период: Март 2021-Март 2022 година

 

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТ

Партнер на проектот: ESTA Saltes

Технички детали:

Проектот е финансиран од ЕРАЗМУС+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАЗМУС+. Сместување, осигурување, месечен џепарлук и храната се обезбедени.

Како да аплицирате?

1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
2. Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за “Volunteering opportunities in Lithuania“)
3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:

o Кој сте вие?
o На која возраст сте?
o Зошто сакате да учествувате?
o Како може да придонесете за проектот?

Краен рок за аплицирање: 11.02.2021 година

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.