“На почетокот бев многу исплашен, затоа што не бев сигурен дали ќе се вклопам со луѓето таму, бидејки сум индивидуалец, но после поминати 10 дена кои ме променија и во кои уживав, научив да бидам дел од интеркултурно општество и да работам во тим, да бидам тимски играч.” – Мерт Ајваз “Моето искуство на Младинската размена беше подобро од она што го очекував. Размената ми помогна да бидам поотворена личност, да ги запознаам другите култури, да посетам нови места и да стекнам нови пријателства кои се надевам ќе траат. ” – Христина Најдовска „Прв пат бев надвор од Македонија, прв пат се возев со авион и во метро и многу ми се допадна. Си поминав многу убаво, се дружев и запознав нови луѓе. Не научив да зборувам руски, но мојата насмевка и „гудморнинг“ ми завршуваа работа за да започнам конверзација. Никогаш нема да го заборавам ова искуство.“ – Армандо Реџепи “Најпрвин морам да кажам дека сум горд што бев дел од еден меѓународен проект како што е “I’m great 2014”. Како и кај сите останати, постоеше дел од мене кој што се плашеше од неуспех и неприфаќање од останатите. После првиот ден се беше различно, почнавме со активностите, сите бевме заедно и исти без разлика на држава, вера, години. Проектот мене ми помогна пред се да запознаам нови пријатели, да научам многу нови работи за многу држави и секако најважно почитувањето меѓу сите и работа во интернационален тим.“ – Кирил Димитровски
… прочитајте повеќе за овој проект во септемвриското издание на ВОИСЕС. Овој проект е поддржан од Програмата Млади во Акција на Европската Унија.