Волонтерски Центар Скопје има потреба од 2 волонтера од Македонија за учество на ЕСК проектот „СПОРТ ЗА СОЦИЈАЛНА ПОДДРШКА 3“ во Анталија, Турција.
Место: Анталија, Турција.
Датум: 01.10.2020 – 27.06.2021
!! Можни се и измени на датумите од проектот зависно од постоечката ситуација со COVID-19 !!
Проектот е за поддршка на локалната заедница преку проекти за социјална одговорност, земање учество во активности од социјален карактер-организирање настани, младински клубови, јазични клубови, работилници, мултикултурни настани за младите, спортски активности, присуство на редовна (канцелариска) работа во организацијата.
За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ
Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАСМУС +, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +. Сместување, осигурување, месечен џепарлук и храната се обезбедени.
Апликација:
Испрати мотивационо писмо одговарајќи на следниве прашања:
Кој си ти? Колку години имаш? Зошто сакаш да учествуваш? Како ќе допринесеш за проектот? … И испратете CV (на англиски јазик) на vcs_contact@yahoo.com
Ве молиме не заборавајте да нагласите за кој проект се пријавувате!
Краен рок за аплицирање: 09.09.2020