Волонтерски Центар Скопје учествуваше во студиската посета “Подобри Можности од помалку можности’ организирана од страна на Фондацијата за социјални услуги во Малта. Студиската посета поврза учесници од Македонија, Малта, Турција, Италија и Ерменија и им даде можност да ја истражуваат работата и активностите на разни институции и организации кои обезбедуваат услуги за различни целни групи (луѓе кои се занимаваат со дрога и алкохол, млади луѓе со предизвикувачко однесување, лица со посебни потреби, лица кои бараат работа, мајки тинејџери) така што учесниците имаа можност да го зајакнат своето разбирање за малтешките социјални прашања и предизвици, да разговараат за заедничките прашања на земјите учеснички во посетата и споделување на добри работни практики. Идејата за студиската посета “Подобри можности од помалку можности“ беше создадена за време на Активноста за градење партнерства „PBA: Подобра соработка – Подобро Европа“ имплементирана од страна на Волонтерски Центар Скопје, во јуни 2012 година.