You are currently viewing Младинска размена “Recycle for Life” во Костинешти, Романија

Младинска размена “Recycle for Life” во Костинешти, Романија

Во перидот од 25 јуни до 4 јули 2013 година, група од шестнаесет млади луѓе од Волонтерски Центар Скопје учествуваше на билатерална младинска размена во Костинешти, Романија, во организација на локалниот партнер “Young European Society”. За време на десетдневната размена, учесниците ја имаа можноста да се дружат и спознаваат друга култура, да развиваат вештини и компетенции од областа на неформалното образование и да научат многу за рециклирањето и здравиот начин на живот. Се на се, ова беше одличен и многу успешен проект!!!